Едно шише од сок со волумен од 250 mL се полни со вода, а друго се завиткува со непроѕирна хартија или алуминиумска фолија и во него, без да видат останатите, се става суперапсорбирачка супстанца. Водата се претура во завитканото шише и по некое време, кога шишето се преврти со отворот надолу не се забележува течење на водата. Каде е водата?
Прибор
Две шишиња од 1/4 литар, стаклено стапче
Хемикалии
Кополимер поли(натриум акрилат) - со полиакриламид (суперапсорбирачка супстанца за вода) 1,5 - 2 g
(може да го најдете во продавници под името инстант снег)
Начин на работа
Во едното шише се става кополимерот, а во другото шише се става вода. Шишето со кополимерот се обвиткува со непроѕирна хартија (или алуминиумска фолија, Сл. 1 ). Приборот се става на маса пред аудиториумот. Им се најавува експериментот: Исчезнување на водата. Им се покажува волшебното стапче и експериментот се отпочнува со внимателно претурање на водата во шишето со кополимерот. |